На следната седница на совет ќе се утврдуваат нови цени на услугите на ЈП „Градски гробишта“

Охрид, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Советот на општина Охрид на 25-ти јануари, среда, ќе ја одржи шеесет и седмата седница со почеток во 11:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

На дневен ред ќе бидат предлог одлуки за престанок и верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид, а ќе се именуваат членови во неколку комисии: Комисијата за општествени дејности, Комисијата за верификација, избори и именувања и Комисијата за урбанизам.

Ќе се усвојува Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ Охрид.

Во делот на урбанистичката сфера ќе се усвојуваат најголем број на точки од дневниот ред. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top