февруари 4, 2020

Бангкок, 4. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Тајландските власти потврдија шест нови случаи на заболени од коронавирус, од кои четири се тајландски, а двајца се кинески државјани.

Според Министерството за здравство, две од четири заболени лица од Тајланд неодамна биле во Јапонија, а двајца возачи биле заразени додека превезувале кинески туристи.

Со овие шест новозаболени, вкупниот број заразени лица на Тајланд достигна 25. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука