февруари 10, 2024

Струга, 10. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти февруари 2024 година, во 20:45 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ на влез во државата било лишено од слобода 48-годишно лице од Република Албанија поради тоа што по извршени гранични проверки констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Германија.

– Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука