септември 1, 2017

Струга, 1. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – На денот на македонската независност 8-ми септември, во Струга ќе се одржи манифестацијата “Ден на водни спортови – Струга 2017”.

Учество ќе земат повеќе од 110 натпреварувачи од пет дисциплини и тоа: едрење, СУП, веслање, кајак и кану, а пријавени се учесници од клубови од Струга, Охрид, Велес и Скопје.

– Целта на „Денот на водни спортови“ е да се анимира јавноста за различните водни спортски дисциплини, натпреварувачки дел за секој спорт оделно, дружење помеѓу спортистите како и разменување искуства и тестирање на различна опрема на која што спортистите ги докажуваат своите способности, информираат организаторите, едриличарскиот клуб „Снегар“ од Струга.

Настанот ќе се случува на Машка плажа, во Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: fb

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука