мај 8, 2024

Охрид, 8. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во главниот избирачки список за денешните парламентарни избори во Охрид се запишани 51.865 избирачи додека за вториот круг од претседателските 51.717 избирачи, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК Охрид).

Разликата во бројката на запишани избирачи 148 е поради граѓани кои стекнaлe полнолетство и тие имаат право да гласаат само на парламентарните избори.

– Единаесет лица вчера не го искористиле своето гласачко право, од вкупно пријавените 239 избирачи, информираат за Супер радио и OhridPress од Општинската изборна комисија.

Граѓаните своето гласачко право ќе го остварат на 87 избирачки места, од кои на 8 е променета локацијата.

– ИМ 1271, од МЗ „Билјанини избори“, улица „Мирче Ацев“ број 31, префрлено е во ЈЗУ Општа болница (Модуларна), на улица „Сирма војвода“ број 1.

– ИМ 1260, од приватен објект на улица „Даме Груев“ е префрлено во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид (Гимназија).

– ИМ 1297, од хотел „Бетон“ е префрлено во Основното училиште во селото Долно Коњско.

– ИМ 1281 и 1281/1, се префрлени од приватен објект во населбата „Видобишта“ во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, на улица „Живко Чинго“ број 1.

– ИМ 1283 и 1283/1, се префрлени од приватен објект на улицата „Момчило Јорданоски“ во ОУ „Христо Узунов“, на улица „Питу Гули“ број 128.

– ИМ 1267, е префрлено од МЗ „Железничка“ во приватен објект на улица „Железничка“ број 104 А.

На ниво на Република Македонија за вториот круг на седмите претседателски избори во избирачкиот список се запишани 1.814.317 граѓани со право на глас, а на 11-те парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1.033, генерално поради граѓаните кои стекнуваат полнолетство.

Се гласа на 3.480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т. н. фингерпринт апарати. Гласачките места ќе бидат отворени од 07:00 до 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука