Бостон, 29. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кандидатите за конференциски титули на Истокот и Западот во НБА-лигата, Бостон и Хјустон имаа возбудлив дуел во „Ти-Ди гарден“, а победија Селтикс на спектакуларен начин.
Ниеднаш во текот на натпреварот не поведоа, Хјустон имаше константна предност, најмногу и до 26 разлика, но со кош на Ал Хорфорд на три и пол секунди до крајот Бостон го зема водството и го доби натпреварот.
Домаќините беа подобри и во цело второ полувреме, добивајќи го со 61-36. Хорфорд не блескаше во остатокот од натпреварот, постигнувајќи вкупно девет поени, но затоа Кајри Ирвинг броеше до 26, а пак Џејмс Харден попусто беше најдобар поединец на натпреварот со 34 коша и 10 асистенции.
Голем пресврт направи и Милвоки, совладувајќи ја Минесота со 102-96 и покрај негативата од 20 поени во третиот период. Ерик Бледсо имаше 26 поени, Јанис Адетокумбо 22. Орландо ја заврши серијата од девет порази, со триумф над Детроит со 102-89, Сан Антонио го надигра Њујорк со 119-107, а Портланд – Филаделфија со 114-110. (Крај)
извор: 24вести фото: архива