февруари 7, 2015

Њујорк, 07. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – НБА лигата на чело со комесарот Адам Силвер ќе ја разгледува опцијата за промена на системот на натпреварување во плеј офот.

Според актуелниот систем во плеј офот влегуваат по осум најдобри екипи од Источната и Западната конференција, а потоа конференциските шампиони играат за титулата.

НБА ќе ја разгледува опцијата во разигрувањето да влезат 16 тимови кои на крајот од регуларниот дел од сезоната ќе го имаат најдобриот скор.

Комесарот на НБА Адам Силвер истакнал дека е време за промени во односите помеѓу двете конференции бидејќи моменталната географска промена не е најдобра. (Крај)

извор: ОхридПрес/Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука