НБА: Индијана ја прекина серијата победи на Кливленд

Детроит, 9. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Индијана ја прекинаа победничката серија на Кливленд, откако ноќеска на домашен терен остварија победа од 106:102.

Индијана е прв тим со две победи сезонава против Кливленд, кој имаше серија од 13 победи.Најдобар играч на дуелот беше Виктор Оладипо, со постигнати 33 поени, од кои шест тројки, и 8 скокови. Неговата екипа на последните 12 натпревари има девет победи.

„Тесна победа“ забележа и шампионот Голден Стејт на гостувањето кај Детроит 102:98 и серијата гостински натпревари на „источниот брег“ ги заврши без пораз со скор 6-0. Најдобар играч кај победникот беше Кевин Дјурант со 36 поени, а поради повреда не настапи Стеф Кари.

Петтиот пораз сезонава го претрпе и Бостон, кој загуби на гостувањето кај Сан Антонио со 105:102.

Лидерот на „Исток“ Бостон има 22 победи, додека на „Запад“ првопласирана екипа е Хјустон со скор 19-4, а Голден Стејт вториот тим со повеќе од 20 победи (21). (Крај)

извор: АлсатМ фото: архива

scroll to top