јануари 24, 2015

Њујорк, 23. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Познати се стартните петторки во најсилната кошаркарска лига во светот (НБА) за престојниот „All Star” натпревар кој на 15-ти февруари ќе се одржи во Медисон Сквер Гарден во Њујорк.

Стартната петторка на западот ја сочинуваат Стефан Кари,Коби Брајант, Ентони Дејвис, Марк Гасол и Блејк Грифин.

За тимот на источната конференција мечот ќе го почнат: Кајл Лаури, Џон Вол, Леброн Џејмс, Кармело Ентони и Пау Гасол.

Екипата на западот ќе ја предводи тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, додека на клупата на истокот ќе биде стратегот на Атланта, Мајк Баденхолцер. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука