Чикаго, 2. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Богдан Богдановиќ ја одигра најдобрата партија откако е пристигнат во НБА лигата и со тоа му донесе нова драматична победа на Сакраменто кингс.
По поените кои му донесоа триумф на Сакраменто против шампионот Голден стејт, Богдановиќ од линијата за слободни фрлања му пресуди на Чикаго, 107-106.
Србинот за точно одиграни половина час постигна 19 поени, надополнети со четири асистенции и три скока, а особено значајна улога одигра во последните две минути. Најефикасен на средбата беше Зек Рендолф со 25 поени.
Возбудливо беше и во Торонто, каде истоимениот домаќин славеше против Индијана со 120-115. Оладипо блескаше со 36 постигнати поени, но и покрај тоа гостите загубија. Во таборот на Торонто најефикасен беше кој друг ако не, Де Розан со 26 поени.
https://youtu.be/JDFXQFIyQOw
Резултати:
Орландо – Голден стејт 112-133
Вашингтон – Детроит 109-91
Торонто – Индијана 120-115
Чикаго – Сакраменто 106-107
Мемфис – Сан Антонио 79-95
Мајами – Шарлот 105-100
Оклахома – Минесота 111-107
Јута – Њу Орлеанс 114-108. (Крај)
извор: Спорт1.мк фото: архива