ноември 1, 2014

Њујорк, 1. ноември 2014 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Кливленд Кавалирс ја забележа првата победа по враќањето на Леброн Џејмс, кој постигна 36 поени за победата над Чикаго Булс од 114: 108 по продолжението (28:27, 30:25, 20:17, 20:29, 16:10).

Дабл-дабл учинок имаа и неговите соиграчи Кевин Лав (16 поени, 16 скока) и Тристан Томпсон (16 поени и 13 скока).

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс претрпе трет последователен пораз во НБА, како загуби од сограѓаните Лос Анџелес Клиперс со 111: 118. Блејк Грифин нанижа 39 поени за Клиперс, а дабл-дабл учинок имаа Крис Пол и Деандре Џордан (11 поени + 13 скока). За „езерџиите“ најефикасни беа Џордан Хил (23) и Коби Брајант (21). (Крај)

извор: Спорт ТА фото: НБА

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука