Мајами , 23. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Џејмс Харден на втор натпревар во низа постигна 51 поен, но тоа на крајот не беше доволно за триумф на Хјустон, Кевин Дурант го предводеше Голден Стејт до ново славје над ЛА Лејкерс и 10. победа во низа.
„Брадата“ сруши рекорд стар 10 години, Џејмс Харден е првиот играч по Коби Брајант кој постигнал најмалку 50 поени на два натпревари во серија.
Ѕвездата на Хјустон реализираше 51 поен против ЛА Лејкерс пред два дена, а и утрово исто така постигна 51 поен против ЛА Клиперс.Но исто како на пресметката со „Езерџиите“, и на овој меч „Ракетите“ доживеаја пораз, Клиперси славеа 118-128. Риверс постигна 36 поени за гостите, а Вилијамс реализираше 32 поени.
Кевин Дурант го предводеше Голден Стејт до ново славје над ЛА Лејкерс, овој пат на домашен терен од 113-106.
За „Воините“ ова беше 10 победа во низа. КД мечот го заврши со 33 поени, седум асистенции и исто толку скокови. Кај „Езерџиите“, Кузма постигна 27 поени, а Бол забележа 24 поени.
НБА резултати:
Деторит – Њујорк 104:101
Орландо – Њу Орлеанс 97:111
Бруклин – Вашингтон 119:84
Хјустон – ЛА Клиперс 118:128
Мајами – Далас 113:101
Милвоки – Шарлот 109:104
Оклахома – Атланта 120:117
Портланд – Денвер 85:102
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 113:106. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива