НБА: 51 поен на Харден, Хјустон на свој терен загуби од Лејкерс (ВИДЕО)

Лос Анџелес, 21. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Џејмс Харден имаше фантастична партија постигнувајќи 51 поен, но неговиот тим доживеа пораз на својот паркет од Лос Анџелес Лејкерс.

Хјустон влезе како огромен фаворит во дуелот со Лејкерс, но гостите си заминаа со победа откако триумфираа со 122:116.Џејмс Харден имаше маестрална партија, постигна 51 поен, речиси половина од својот тим, запиша и девет асистенции, но неговите соиграчи не го следеа. Кај Лејкерс најефикасен беше Кузма со 38 поени.

Изненадувачки пораз на домашен терен доживеа и Бостон кој загуби од Мајами со 90:89. Ирвинг во составот на Бостон постигна 33 поени, Олиник за Мајами реализираше 32.

Голден стејт ја забележа и десетата победа по ред откако со 97:84 го совлада тимот на Минесота. Томпсон реализираше 29 поени, Дурент постигна 22. Кај Минесота најефикасен беше Марк Гасол со 21.

Резултати:

Шарлот – Торонто 111:129
Атланта – Индијана 95:105
Бостон – Мајами 89:90
Бруклин – Сакраменто 89:90
Чикаго – Орландо 112:94
Хјустон – Лејкерс 116:122
Оклахома – Јута 107:79
Далас – Детроит 110:93
Денвер – Минесота 104:112
Портланд – Сан Антонио 91:93
Голден стејт – Мемфис 97:84
ЛА Клиперс – Феникс 108:95 (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива

scroll to top