јуни 6, 2018

Никозија, 6. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Големо невреме, проследено со град, во понеделникот го погоди планинскиот венец Тродос на Кипар.

Видео од невремето објавено на фејсбук страницата Severe Weather Europe покажува дека станува збор за временски услови неверојатни за ова време од годината, објавија регионалните медиуми.

Градот со големина на орев, за само неколку минути создал слој од мраз на улиците и тоа со дебелина од околу седум сантиметри. Во исто време, температурата на воздухот од 20 степени за само неколку минути се спуштила на пет.

Невремето, како што изјавиле земјоделците, ја уништило годинашната жетва, додека пак овоштарниците се уништени на само неколку дена пред бербата на зрелите плодови. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука