февруари 1, 2020

Охрид, 1. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, најголемиот туристички центар во Република Македонија денес се капеше во прекрасното сонце на првиот февруарски ден.

Истото беше доволна провокација охриѓани да ги напуштат домовите, и заедно со гостите да прошетаат побрај брегот, да се напијат кафе во некој од бројните кафе барови, или да ручаат во некој од рестораните.

Метеоролозите за денес најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 11. степени.

– Продолжува период на стабилно време со релативно високи температури за овој дел од годината. Од недела ќе има малку повеќе облачност, а поголема промена ќе има од вторник и ќе е проследена со зголемување на облачноста, промена на ветерот во северен и со врнежи од снег на планините и од снег и повремен дожд понекаде и во населените места, информираат од УХМР Македонија.

Погледнете неколку фото причини зошто не треба да барате изговори, туку да го посетите денес Охрид.

извор: ОхридПрес/Метео фото: Охридпрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука