Охрид, 17. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчерашните, на моменти обилни врнежи од дожд што го зафатија Охрид добро дојдоа за водостојот на Охридското езеро.
Според податоците објавени на веб страницата на ЕЛЕМ, нивото на езерото денеска е на 693,28 метри надморска височина, односно 11 сантиметри над нултата кота (693,17). Добрите познавачи велат дека ваквиот водостој е близу до просекот за месец ноември.
Доколку се анализираат податоците, од почетокот на месецов водостојот на езерото е покачен за осум сантиметри. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес