мај 29, 2024

Охрид, 29. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Хидролошката состојба на Охридското Езеро периодов е задоволителна.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото е на кота од 693,74 м.н.в што е за 9 сантиметри над просекот за мај (693,65 м.н.в) и за 64 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е над просекот за овој период и изнесува 18. степени целзиусови.

На почетокот на месецов нивото беше на просечната кота за сега да бележи пораст за цели девет сантиметри.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– До утре, претежно во попладневните часови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а дневната температура ќе биде во значителен пораст и на повеќе места ќе биде над 30 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука