јануари 29, 2018

Париз, 29. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на реката Сена во Париз минатата ноќ забележа драстичен раст, достигнувајќи речиси шест метри, по што почна бавно да се намалува. 

Како што соопштија француските власти, Сена во еден момент достигнала ниво од 5,84 метри, што е за четири метри над нормалата.

Повисоко ниво водата во Сена имала во јуни 2016 година кога достигнала 6,1 метри и во 1910 година кога водата се искачила до 8,62 метри, што претставува досега највисоко измерено ниво.

Поради напливот на Сена седум станици на париското метро на една од најпрометните линии ќе останат затворени најмалку до 5- ти февруари.

Властите информираа дека состојбата со нивото во Сена „постепено се подобрува“, но дека водата во реката се намалува многу бавно, поради што очекуваат дека ќе бидат потребни неколку недели за целосна нормализација на ситуацијата. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука