септември 24, 2021

Мериленд, 24. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Американската компанија Новавакс и нејзиниот партнер индискиот Серум институт ја пријавија својата вакцина против COVID-19 за итно одобрување од Светската здравствена организација.

Барањето до СЗО обично е сигнал до националните регулатори дека вакцината е безбедна и ефикасна. Потребно е и одобрување од СЗО за извоз во земјите кои учествуваат во иницијативата за споделување на вакцини – Ковавакс.

Новавакс и Институтот Серум, најголемиот светски производител на вакцини, се обврзаа дека ќе испорачаат 1,1 милијарда дози вакцини на Ковавакс програмата, со цел еднаков пристап до вакцини меѓу богатите и сиромашните земји.

Протеинската вакцина на Новавакс покажа ефикасност од 90,4 проценти во клиничките испитувања извршени врз околу 30.000 испитаници во САД и Мексико. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука