Охрид, 12. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дочекајте ја Новата 2018-та година во Будва со атрактивниот пакет кој Ви го нудат од ТА „Венус травел“ од Охрид.
Понудата опфаќа четири дена со тргнување на 29-ти декември од Охрид во 02:00 часот со високотуристички автобус за Будва.
– Патот води низ Албанија со попатни одмори. Пристигнување во Будва во утринските часови. Сместување во апартмани. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки по кејот и стариот град. Вечерта е предвидена забава во стариот дел од градот и предновогодишната забава со хрватската група „Хладно пиво“ и београдската група S.A.R.S. Вториот ден е предвиден за уживање во градот кој има што да понуди. Факултативен излет за Дубровник и посета на стариот град – прошетка по Страдун, палатата Спонза, фонтаната Onofrijadella Cave, црквата Св. Влах. Следува слободно време за индивидуални активности, обиколка на старите градски ѕидини и тврдината Ловренец. Потоа е предвидено враќање во Будва и забава пред ѕидините на стариот дел од градот со Бајага и инструктори. Третиот ден започнува со факултативен излет до Котор, разглед на старото медитеранско пристаниште, заградено со старите градски ѕидини, а денес заштитено од УНЕСКО, градската кула, поморскиот музеј, катедралата Св. Трипун, Црквата Св. Лука… Во попладневните часови враќање за Будва,слободно време за припреми за дочек на Новата 2018-та година. На најлудата ноќ ќе не забавува познатиот рок бенд Queen Real Tribute како и Горан Бреговиќ и Бијело Дугме. Четвртиот ден се поаѓа за Охрид со можност за посета на Острошки манастир. Пристигнување во Охрид во вечерните часови, информираат од „Венус травел“.
Цената на аранжманот е 3.670 денари со можност за плаќање со VISA, MASTER и MAESTRO CARD.
Во цената се вклучени следните услуги:
– превоз со високотуристички автобус,
– сместување во Будва,
– организација и водство на аранжманот
Во цената не се вклучени следните услуги:
– излет до Котор (5 евра)
– целодневен излет до Дубровник (15 евра)
– посета на Острошки манастир (10 евра)
Од ТА „Венус травел“ напоменуваат дека за реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници. За овој аранжман важат општите услови за патување на агенцијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива