јануари 28, 2015

Скопје, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Првиот дневен весник во нашата држава „Нова Македонија“ и годинава избра десет личности од јавниот и општествениот живот што, според оцените на редакцијата, заслужуваат да го добијат признанието „личност на годината“ за 2014.

„Нова Македонија“ во 2012 година ја воведе наградата „личност на годината“, која ја добиваат најистакнатите личности што ја обележиле годината во областа на бизнисот, културата, политиката, уметноста, науката, образованието, спортот, општествените и хуманитарните дејности.

На годинешните добитници на свечена церемонија што ќе се одржи денес со почеток во 12 часот, во портата „Македонија“, ќе им бидат доделени посебни признанија и статуетки, по што е предвиден и коктел за сите гости.

Годинашни лауреати за изборот „Личност на годината‘‘ се:

1. Ѓорѓи Личовски – фоторепортер
2. Тања Царовска – музичарка
3. Игор Стефановски-Иџе – автомобилист
4. Здравко Дејановиќ – алпинист
5. Калин Бабушку – претприемач
6. Глигор Чемерски – сликар
7. Весела Богдановиќ – наставничка
8. Летка Димовска-Полизова – диригентка
9. Проф. д-р Глигор Димитров – гинеколог
10. Мартина Димоска – студентка (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука