февруари 5, 2015

Струга, 5. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Струга го збогати книжниот фонд со нови наслови на книги.

Читателите ќе можат да позајмуваат нови книги бестселери. Неколку моментално најпопуларни светски автори се застапени со по неколку изданија.

Меѓу новите наслови се книгите:

„Пиратот“ – Харолд Робинс

„Бајдр Ал Фај, пиратот, волк самотник, успешно бележи победи во меѓународната финансиска игра. За него политиката значи само пари. Со парите се може да се купи, и народот и јахта и вила во Швајцарија, и апартман во Париз, и жени…“

„Игра на тронови“ и „Судир на кралевите“ од Џорџ Р.Р. Мартин

Во предговорот за книгата „Игра на тронови“ се вели:

„Вистинско ремек дело кое ги обединува сите елементи на жанрот епска фантастика. Магија, интриги, романтика и авантура ги исполнуваат страниците на првиот том од оваа епска серија, која сигурно ќе ги одушеви не само љубителите на овој жанр, туку и поширокиот круг на читатели…“

Гијом Мисо – „Седум години подоцна“

„Боем и уметничка со опасен карактер, Ники ќе внесе виор на свежина во стабилниот и беспрекорно среден живот на Себастијан. Тие се пример за два сосема спротивни карактера, ама љубовта ќе пламне меѓу нив со незамислив интезитет. Набргу ќе се венчаат и ќе ги добијат близнаците Камила и Џереми. Ама бракот неминовно тргнува кон горкиот крај: осудување, афери, презирање…“

Меѓу новите наслови се и неколку дела на Нора Робертс, од кои се истакнува „Неверникот“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука