февруари 6, 2015

Охрид, 6. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Мак топ 10 листата на Супер радио, која ја промовира и презентира македонската музика, на слушателите им овозможува уште еден нов начин на гласање.

На страницата за топ листите на Супер радио, деновиве е поставена листата на најслушаните македонски хитови, со олеснителна околност за едноставно гласање за омилената тема.

И досега слушателите можеа да гласаат за топ листата преку телефонски јавувања, на официјалните фејсбук страници на Супер радио, OhridPress и Inpress, а сега тоа можат да го сторат и преку новиот начин на гласање. Досегашните начини на гласање остануваат, но за да се излезе во пресрет на интересот на слушателите, се прошируваат можностите за поедноставно гласање.

Во декември минатата година, емисијата Мак топ 10, го одбележа 400-то издание. Досега дел од емисијата биле голем број музички имиња од цела Македонија, а во студиото на Супер радио, од каде се емитува Мак топ 10, изминативе години во живо гостувале многу музичари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука