февруари 14, 2015

Добрич, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На меѓународниот турнинр во сала „Академик „ кој се одржа во Добрич , Бугарија на 11ти Февруари 2015 , во склоп на тековните подготовки , учество зедоа Македонските Репрезентативци , предводени од селекторот на Атлетската федерација на Македонија  проф. Влатко Димитров.

Тие остварија одлични достигнувања и успеа да освојат 3 медали, сребрени медали за Ристе Пандев на 60 метра  и Славчо Мирчевски во скок во далечина , и бронзен медал за Јованче Јанковски во скок во височина.

Покрај нив на натпреварот учество земаа и Валбона Селими , Славе Коевски , Мартина Мироска и Ѓорѓи Кузмановски.

Настапите на нашите репрезентативци не запираат овде , тие веќе започнаа повторно со натпревари кои ќе завршат утре.(Крај)

извор: АФ на Македонија фото:АФМ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука