ноември 22, 2019

Охрид, 22. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Петтооделенците од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид и оваа година се вратија со вредни награди од манифестацијата „Ноември – Месец на науката 2019“.

– Стефан Мургоски ја освои првата награда од областа на природните науки со тема од физика, додека Андреј Крстески кој минатата година освои прва награда на истата манифестација, оваа година го освои третото место исто така од областа на физиката. Петтоодделенките Ана Зороска и Софија Митреска учествуваа со проект од областа на математика, додека ученичката Ања Гиноска се натпреваруваше од областа на природните науки со тема од хемија. Шестоодделенците Филип Гиноски и Јоана Костовска се натпреваруваа од областа на природни науки со тема од хемија. Денот исполнет со интересни едукативни предавања, креативни работилници и добра дружба, за петтоодделенците од ОУ „Христо Узунов“ заврши со успешно изведени и добро образложени експерименти, информираат од училиштето.

Додаваат дека целта на настанот е да се поттикнат младите генерации да ја покажат својата креативност и знаење, да се вклучат учениците со свои проекти, а истовремено да се мотивираат да започнат различни истражувачки активности и умешно да ги презентираат добиените резултати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука