март 4, 2015

Вашингтон/Тел Авив, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Американскиот претседател Барак Обама изјави дека „нема ништо ново“ во контроверзниот говор на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Конгресот, инсистирајќи на тоа дека Нетанјаху не предлага подобра алтернатива за преговори, пренесува АФП.

– Нетанјаху не нуди никаква допирлива алтернатива. Се ‘уште немаат договор, но ако сме успешни, факт е дека тоа ќе биде најдобар можен договор со кој ние ќе го спречиме Иран да поседува нуклеарно оружје, изјави Обама вчера во Овалниот кабинет.

Израелскиот премиер на почетокот на заедничката сесија на Конгресот критикуваше за преговорите со Иран. (Крај)

извор: АФП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука