март 3, 2015

Вашингтон, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Убиството на Борис Немцов е симптом за влошување на граѓанските права и слободи во Русија, смета претседателот на САД, Барак Обама.

– Она што се случи е показател за влошување на климата, барем во самата Русија. Општеството, независните новинари, луѓе кои се обидуваат да комуницираат преку интернет – сите тие се повеќе се чувствуваат дека се наоѓаат под закана дека ги ограничуваат, посочи Обама во соопштението.

– Не знам што точно се случува. Но знам дека, во однос на почитувањето на слободата на медиумите, слободата на собирање, во однос на слободата на информации на основните граѓански права и слободи, во Русија работите се четири, пет или дури десет години назад, рече уште претседателот на САД. (Крај)

извор: Ројтерс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука