јануари 7, 2017

Њујорк, 7. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Генералното собрание на Обединетите нации го утврдија усвојувањето на 2017 година за Меѓународна година на одржлив туризам и развој.

Резолуцијата, усвоена на 4 декември 2016 година, укажува на признавањето на „значењето на меѓународниот туризам, а особено на одредување на меѓународна година на одржлив туризам за развој, за поттикнување на меѓусебното разбирање на луѓето насекаде во светот. Тоа би требало да доведе до поголема свест за богатото наследство на различните цивилизации и во остварувањето на подобро разбирање на својствените вредности на различните култури”.

Прогласувањето на 2017 година за Меѓународна година на одржлив туризам и развој е единствена можност за унапредување на учеството на секторот на туризмот во трите столба на одржливоста – економски, социјални и еколошки, а зголемување на свеста на вистинските димензии на секторот кој е често потценет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука