јануари 6, 2017

Вевчани, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ноќта помеѓу 5-ти и 6-ти јануари се случи обид за кражба во локалната пошта во Вевчани.

Крадците ја скршиле решетката и ја обиле влезната врата, по што го одзеле сефот, во кој неофицијално имало околу 70.000 денари.

postavevcani2– Инцидентот се случил околу 02:00 часот по полноќ, но за среќа крадците не успеале во намерата затоа што ги слушнал соседот, по што во паника го оставиле сефот на улица и избегале со возилото кое било паркирано во непосредна близина, информираат извори на OhridPress и Супер радио од Вевчани.

Полицијата направила увид и се прават напори да се откријат сторителите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука