Обид за убиство во Охрид, кривична за лице од Радолишта

Охрид, 18. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против против 36-годишниот Г.М. од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Кривична пријава заработи и 23-годишниот А.Т. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител во извршено кривично дело“.

– На 10-ти овој месец, на булеварот „Туристичка“ во Орхид, по кратка расправија која прераснала во тепачка помеѓу пријавените со 34-годишниот С.М., првопријавениот извадил пиштол и со еден истрел го погодил оштетениот со што му нанел тешки телесни повреди, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

scroll to top