јануари 28, 2015

Маршфилд, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Oбилни снежни врнежи и силни ветрови оставија без струја речиси 35 000 жители на американската сојузна држава Масачусетс, објавија локалните власти.

Во многу области на државата има искинати далноводи поради замрзнувањето и акумулација на снег, како и скршени гранки на дрвјата.

Уништени се исто така домови и автомобили.

Поплавите се случија во некои крајбрежни градови. Во Маршфилд, на 50 километри јужно од Бостон, брановите уништија акумулации во крајбрежната зона. Водата нанесе штета на многу станови. (Крај)

извор: ОхридПрес/АП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука