февруари 1, 2023

Вевчани, 1. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Организаторите го објавија официјалното видео од централното дефиле на Вевчанскиот Карневал 2023.

– Конечно, долгоочекуваното видео од централното дефиле на Вевчанскиот Карневал 2023. Огромна благодарност до продукција „Агила Герила“ и Жарко Масларковски за сите видеа од овогодинешниот карневал. Се гледаме догодина, порачаа на официјалниот профил на Facebook од Вевчанскиот карневал.

Во фокусот и на годинашното карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот. На сатиричен и уникатен начин вевчанци ги прикажаа енергетската и економската криза, изградбата на автопатот Кичево-Охрид, а се пошегуваа и со работењето на актуелната власт. Во Вевчани „пристигна“ и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел со Францускиот предлог, имаше обид за решавање на спорот со соседна Бугарија, активисти на Анима мунди се бореа за правата на животните, продефилира и Жан Митрев со дел од неговата клиника, а антикорупционерите работеа на решавање на проблемот со корупцијата. И војната во Украина и Светското првенство во фудбал беа инспирација за вевчанци, но не ја заборавија ниту кралицата Елизабета, а свој настап имаше и Мањифико со својот бенд. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Вевчански карневал

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука