септември 16, 2021

Белчишта, 16. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – По официјалната потврда од страна Општинската изборна комисија (ОИК), објавен е составот на независната листа за членови на Советот на Општина Дебрца – „Заедно За Дебрца“ предводена од носителот на листата Димче Андрески.

– Сите кандидати за советници се докажани, угледни, професионални личности кои се максимално мотивирани и подготвени да работат одговорно и посветено за интересите на општина Дебрца. Најголема е честа и обврската да им се служи на граѓаните, во решавањето на нашите заеднички потреби, барања и проблеми. На 17-ти октомври сите Заедно за Дебрца бидејќи Народот Знае Најдобро, порачуваат од независната листа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука