април 10, 2018

Охрид, 10. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота, 14-ти април ќе биде работна за учениците во основните и средните училишта. 

Наставата ќе се реализира со распоред на часови од петок.

Ова е последна сабота што ќе се одработува во оваа учебна година. На тој начин се задоволува законската одредба за настава реализирана во 180 работни дена, информираат од Министерството за образование и наука.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука