септември 15, 2017

Струга, 15. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Полициско одделение во струшкото село Велешта, синоќа околу 20:30 часот било пријавено дека бил извршен полов напад врз 55-годишната К.С.К. од Кралство Холандија.

– Истиот ден околу 14:30 часот, во атарот на селото Вевчани, додека оштетената сликала стадо овци, овчарот и се доближил и побарал тој да ја слика заедно со стадото. Откако ја сликал, К.С.К. се поздравила со овчарот и тргнала кон своето возило. Во тој момент лицето со употреба на физичка сила ја турнало на земја, легнало врз неа и почнало да ја допира по интимните делови од телото. Сторителот и се заканил со нож да не дава отпор и продолжил во намерата. Во еден момент оштетената успеала да се оттргне од него и се упатила кон возилото. Сторителот тргнал по неа, ја отворил вратата од совозачката страна и од нејзината чанта извадил паричник од кој одзел околу 2.000 денари, по што заминал во непознат правец. По преземени мерки добиени се сознанија дека се работи за 29-годишниот А.А. од струшко Подгорци, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука