Охрид, 21. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОУ „Братство Единство“ со пригодна свеченост го обележа 21 Декември, Денот на наставата по турски јазик.
– Турската заедница со својот јазик, религија, литература, музика ја збогатува културната текстура на Македонија. Преку учество во работилници од различни наставни предмети учениците испратија порака: Секој дел од сложувалката е подеднакво потребен за да се состави целосна слика за образовниот процес во ова училиште, велат од ОУ „Братство Единство“.
На свеченоста во училиштето присуствуваше и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Инаку, денешниот ден е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1