декември 31, 2019

Охрид, 31. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридското основно училиште „Григор Прличев“ по полни шест години ќе може нормално да функционира, откако вчера беше платена последната обврска со што се исплати долгот на училиштето.

Градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески денес беше во посета на ОУ „Григор Прличев“, каде оствари средба со директорката Ивана Маховска- Шикалеска.

– Вкупниот долг на училиштето кон 22 доверители изнесуваше 37.733.670 денари. Општина Охрид заклучно со вчерашниот ден исплати вкупно 33.673.308 денари, при што со отпишување на камати остварени се заштеди во износ од 8.654.902 денари. Со ова нашата општина покажува дека со аналитичен и системски пристап може да се остварат вакви резултати. Продолжуваме и понатака посветено да работиме на подобрување на условите во образованието, рече Георгиески.

Тој нагласи дека во рамки на планираните инвестиции во училиштата, во текот на изминатиот период, новиот објект на ОУ „Григор Прличев“ доби нова висококвалитетна дограма. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука