август 1, 2017

Струга, 1. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Владата на синоќешната седница донесе одлука да се издвојат 12 милиони денари од резервите на Буџетот кои ќе бидат наменети за компресирање и транспорт на сметот од депонијата во Струга на друга локација.

Средствата се одвојуваат како времена мерка за решавање на овој еколошки проблем, кој веќе подолго време ги труе стружани и туристите.

Граѓаните периодов преку апели, протести, фрлање ѓубре пред општинската зграда и на други начини го кренаа гласот и ги повикаа надлежните да им помогнат и да изнајдат решение.

deponijastruga1

– Се декларираме како туристички град, а видете што се случува. Како да сме дел од некој експеримент и како некој да сака да види колку ќе издржиме. Срамота е ова и пред стружани и пред туристите. Што ќе кажат тие кога ќе се вратат дома. Мора да се реагира, имаме деца, имаме внуци, изјавија неодамна револтирани стружани за Супер радио и ОhridPress.

Полициската стааница од Струга, по претходно изречена опомена од Основниот суд во Струга и поднесени пријави за илегален влез и нелегална работа во Република Македонија, протера од земјава 11 албански државјани. Тие неколку дена живееле на просторот на струшката дива депонија каде имале изградено импровизирано живеалиште и каде одредено време собирале пластичен отпад на тој дел. Посебен тим полициски службеници ги утврдуваат околностите дали нивното присуство и делување на подрачјето е дирекно поврзано со палењето на депонијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука