јуни 10, 2024

Охрид, 10. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одлични резултати постигнаа основци од ОУ„ Братство Единство“ на Државниот натпревар по биологија што се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Анастасија Динева, ученичка во IX одделение освои трета награда под менторство на наставничката Николина Трпоска.

Со трета награда од натпреварот се вратија и Елмедина Заче (VIII одделение) и Елиф Заче (VII одделение), под менторство на наставничката Лулзиме Азизоска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука