Од ГФК Охрид Лихнидос посочуваат на три ситуации кои директно влијаеја на охридското фудбалско дерби (Видео)

Охрид, 26. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Не стивнуваат реакциите во охридската јавности откако охридската фудбалска дерби пресметка од 17. коло во Втората лига – Запад помеѓу екипите на Воска спорт и Охрид заврши со триумф на Воска од 1-0, благодарение на голот од пенал на Емини во 95. минута.

Тоа беше причина за огромен револт во таборот на Охрид, од каде сметаа дека е неправедно досуден пеналот за победа на Воска во последните секунди од мечот. Сето тоа доведе до вербални пресметка и меѓу фудбалерите на двата тима, но и револт кон судиите на натпреварот кои со придружба на полицијата мораа да го напуштат теренот на „Билјанини извори“…

Од ГФК Охрид Лихнидос денес излегоа со реакција и видео материјал кој го испратија до медиумите и во кој посочуваат на три ситуации кои директно влијаеја на резултатот. Тоа се: непостоечки офсајд, два пати играње со рака и офсајд и непостоечки фаул.

– Погледнете ги ситуациите во видеото и одлучете сами дали навистина овие ситуации влијаеја на крајниот резултат од натпреварот, порачуваат од клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ГФК Охрид Лихнидос

scroll to top