јули 19, 2017

Струга, 19. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Она што не им поаѓа од рака на политичарите на локално и централно ниво, денеска, ќе го покажат во пракса полициите од двете соседни земји – Република Македонија и Република Албанија.

Имено, денеска, во полициската станица во Струга, официјално, на пригодна свеченост, ќе бидат промовирани заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од Министерствата за внатрешни работи на двете земји. Зафатот е во прилог на унапредувањето на туризмот во Струга.

Од друга страна, поминаа децении и децении, како се најавува бродска линија од Охрид до Поградец, на албанската страна на Охридското Езеро. Се сменија многу министри, се направија многу промотивни тури, од работата ништо.

Пред неколку дена, амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река од Охрид ја изрази подготвеноста да помогне да се олеснат граничните процедури за функционирање на бродската линија Охрид – Поградец, како поттик во заедничката туристичка понуда на регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука