Охрид, 26. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид за новата школска година најавуваат нов концепт, односно работа во една смена.
– Нов концепт за работа – една смена во новата учебна година. Најава за новини во работењето на училиштето: работење во една смена за учениците од I до IV година, информираат од огридската Гимназија.
Додаваат дека е успешно завршено првото пријавување на идните гимназијалци, а второто е на 1. и 2. јули 2024 година, до 15:00 часот.
– Доставување на документи во Гимназијата на 1. јули во периодот од 07:00 до 17:00 часот и на 2. јули 2024 година од 07:00 до 15:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 4