Охрид/Скопје, 9. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Нови цени на нафтените деривати согласно Методологијата на Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Еуросупер БС – 95 останува на исто ниво како што беше утврдена со одлуката од 28-ми декември 2017 година, односно и натаму ќе се продава по 66,50 денари.
Од полноќ, литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 68,50 денари, односно има корекција на цената за половина денар. За толку поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе се продава по 48 денари за литар.
Иако од 1-ви јануари неговата цена се покачи за 3,5 денари, повторно има корекција на цената на Еуродизелот и ќе чини 59,50 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива