мај 26, 2017

Загреб, 26. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од следниот месец во Хрватска стартува новата ЕУ роаминг регулатива.

Тоа значи дека од 15-ти јуни нема да постојат различни цени во мобилната комуникација во Европа.

Имено, цените во роаминг (користење на услуга во други телеком мрежи надвор од матичната земја) од тој датум ќе бидат еднакви како дома за мобилни разговори, СМС пораки и сообраќај на податоци, додека граѓаните патуваат по Европа, т.е. во земјите на ЕУ/ЕЕА (членки на ЕУ, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн). (Крај)

извор: МИА   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука