Охрид, 26. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид информираат за измената на конкурсните рокови за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2023/2024 година во второ пријавување.
– Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27-ми јуни до 24:00 часот и на 29-ти јуни 2023 година до 10:00 часот. Прелеминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29-ти јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страницата www.mon.gov.mk најдоцна до 13:00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 29 јуни од 15:00 до 19:00 часот и на 30 јуни од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk, информираат од училиштето.
извор: ОхридПрес фото: архива