Подгорица, 13. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Црногорскиот Закон за ограничување на употребата на тутунски производи, според кој ќе биде забрането пушењето во затворен простор, утре стапува во сила, а за прекршителите предвидена е казна и до 20.000 евра.
Законот со кој се забранува употреба на тутунски производи во јавни затворени простории, освен во казината, беше едногласно усвоен на 31-ви јули.
Со новиот закон не е дозволено пушење во која било просторија или дел каде се конзумира храна и пијалаци. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива
Прочитано: 2