септември 23, 2017

Виена, 23. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 1-ви октомври во Австрија стапува на сила забраата за носење носење бурки, односно облека која целосно го покрива лицето.

Припадниците на полицијата ќе спроведуваат кампања за запознавање на граѓаните со забраната за носење вел преку лице кој оневозможува да се препознае лицето кое го носи.

Полицијата во градовите и на аеродромите ќе дели брошури во кои на германски, англиски, турски и арапски, се појаснува содржината на законот, кој предизвика контроверзи во земјата.

Во случај на непочитување на оваа забрана, полицијата ќе пишува казни во вредност од 150 евра, а во случај некој и натаму да одбива да го открие лицето, тој ќе биде одведен во полициска станица.

Забраната за носење вел на лице, во Австрија ќе се однесува на сите јавни места, вклучувајќи ги и сите средства за јавен превоз. (Крај)

извор: МИА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука