декември 20, 2021

Скопје, 20. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Холандската амбасада во Скопје известува дека од 22-ри декември, соглансо новите правила, и вакцинираните ќе треба да прикажат негативен ПЦР-тест за влез во земјата.

– Од 22-ри декември 00:01 па натаму, сите патници кои патуваат (назад) во Холандија надвор од Шенген/ЕУ треба да покажат негативен резултат од тестот, вклучително и оние кои се целосно вакцинирани или оздравени. Ова исто така важи и за патници од земји со висок ризик и земји кои се на списокот на безбедни земји на ЕУ (вклучувајќи ја и Македонија), се вели во соопштението на амбасадата.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука