мај 20, 2024

Охрид, 20. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, на 22-ти мај 2024 година, на избирачкото место 1272 во Охрид ќе се врши прегласување, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) од Охрид.

– Избирачкото место ќе биде лоцирано во училишната спортска сала која е во рамки на ОУ „Христо Узунов“. Гласачкото место ќе биде отворено од 07:00 часот до 19:00 часот, информираат од ОИК.

Со избирачкото место 1272 се опфатени жителите чија адресна на живеење, според важечка лична карта им е улицата „Мирче Ацев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука