февруари 12, 2015

Скопје, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Со транспарент „Автономија“, студентите од техничките факултети ги поздравија сите Пленумци кои во моментов се пред Машински факултет, и им порачаа дека прогласуваат Автономна зона и на овие факултети.

Претставници од пленумите на техничките факултети во својот говор потсетија колку премиерот Никола Груевски брзо ги менува ставовите, па така од реториката дека не знае зошто протестираат, дојде до тоа вчера пратениците да изгласаат одложување на примената на законот.

Пленумци потсетуваат дека барале одложување до 2018 година на измените со кои се претпоставува државен испит, со цел да се остави простор за изготвување на целосно нов закон, и се додека не се случи тоа тие нема да отстапат од своите барања.

Во моментов на Машински факултет не се држи настава во ниту една предавална, јавува НОВА ТВ.

Студентите од пленумот на Машински, вечерта ќе ја поминат на техничките факлутети, за што се обезбедни истите услови како и на Филолошки/Филозофски факултет. (Крај)

извор: ОхридПрес/Нова Тв фото: Нова Тв

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука